Дваесет и тригодишен маж вчера во 22 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 1 часот Ј.М.(21), од гостиварско, физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба врз неговата сестра, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.