среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Објектот во Тетово затворен на 30 дена: Приведени 13 лица поради приредување на игри на среќа без лиценца

Објектот во Тетово затворен на 30 дена: Приведени 13 лица поради приредување на игри на среќа без лиценца

Објектот без фирма лоциран на улица “Иво Лола Рибар” во Тетово, во кој вчера (29 јуни) полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со УЈП и ДПИ спроведоа акциска контрола, затворен е на 30 дена.

Во овој објект се приредувале игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, спротивно на член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

При контролата, беа затекнати и лишени од слобода 13 лица од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и двајца турски државјани.

Се расчистува и документира случајот и ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.