Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, кој до неодмана беше недостапен на органите на прогонот, делото го сторил во соизвршителство со две други лица, кои веќе се осудени.
На 18.08.2019 година оштетениот жител на с.Равен повикал една од веќе осудените лица, инаку мајка на сега обвинетиот, во својот дом за да исчисти. По неа за кратко време пристигнале синот и нејзиниот невенчан сопруг. Тројцата обвинети заедно физички го нападнале оштетениот, му се заканиле со нож и му одзеле пари и златен накит во вкупна вреднпост од околу 5.500 евра. Потоа обвинетите го заклучиле оштетениот во домот и избегале. Тој успеал преку балконската врата да излезе во дворот и настанот да го пријави во полициска станица.
Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за сега обвинетото лице.