четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинение за тешка телесна повреда по расправија за паркинг место

Обвинение за тешка телесна повреда по расправија за паркинг место

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 35-годишен жител на селото Беловиште, кој се товари за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 07.08.2021 година, по претходна вербална расправија за паркинг место во Гостивар, започнал физичка пресметка со едно оштетено лице од селото Србиново, удирајќи го со телото и главата и нанесувајќи му тешка телесна повреда – скршеница.​​