четврток, 11. април 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинителството отвори истрага за сообраќајката со Зоран Милевски – кичевскиот

Обвинителството отвори истрага за сообраќајката со Зоран Милевски – кичевскиот

Полицијата соопшти дека обвинител од Гостивар ја води истрагата и бил на увид кај Стража, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа со жртва и повредени, а во неа учествуваше и осуденикот за случајот Рекет, Зоран Милески – кичевскиот.

Според МВР, Милевски возел џип „Мерцедес“ и со него биле и двајца српски државјани, кои се тешко повредени. Во несреќата учествувале и товарно возило сангјонг, во кое во несреќата загина 34-годишен жител на Гостивар, како и возило БМВ. Покрај еден загинат, во несреќата тешко се повредени уште четворица, а Милевски и уште двајца се полесно повредени. Несреќата се случила вчера попладне на превојот Стража, во близина на Ново Село.

Затворската управа потврди дека Зоран Милески – кичевскиот е пуштен на медицинско отсуство од затворот во Струга, каде што ја издржува 3-годишната затворска казна откако призна вина во случајот „Рекет“, каде што беше обвинет заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Медицинското отсуство поради здравствени причини е издадено до 8 септември, а сѐ уште од управата не соопштуваат како лице пуштено од здравствени причини се нашло во возило со двајца странски државјани и дали здравствената состојба поради која е пуштен да се лекува му оневозможувала да се движи и да патува.