На 01.02.2021 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(36) од Скопје, затоа што околу 20:20 часот извршил разбојништво во аптека на бул.„Видое Смилевски Бато“, при што со закана од вработената одзел сеф со пари.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е.А. бил приведен во Полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.