СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од с.Љубаништа, охридско и против управителот Б.Р.(40) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавените, како инвеститори на градба на земјиште, веќе постоечки објект-пошта го реновирале и извршиле пренамена во индивидуална семејна куќа, извршиле доградба на поткровје без да поседуваат одобренија за градба, за адаптација со пренамена од деловен во станбен простор и без Одобрение за реконструкција на деловен објект.