ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против С.П.(57) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 25.07.2022 во Кавадарци, пријавениот неовластено од банкомат подигнал пари од сметка на друго лице откако претходно ги набавил податоците за лицето.