сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Одреден притвор за криминалец од Студеничани

Одреден притвор за криминалец од Студеничани

По преземени мерки и активности, на 19.11.2022 во 19.00 часот на ул.„Филип Втори“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит пазар го лишиле од слобода М.Ј.(22) од с.Студеничани, скопско, затоа што во 01.20 часот во угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ со остар предмет му нанел повреди на Д.А.(36) од Скопје.

СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со Јавен обвинител, против него поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 6, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.