На 25.12.2020 година, при извршен претрес во домот на М.К. (68) од Вевчани, полициски службеници од ОВР Струга, пронашле и одзеле 2200 парчиња пиротехнички средства, М.К е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 26.12.2020 во 10.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе по добиении сознанија дека на градскиот пазар во Свети Николе се врши продажба на пиротехнички средства , извршена е контрола кај Р.И.(68) од Куманово, при што пронајдени и одземени се 900 парчиња пиротехника. Против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.