На 12 возачи кај кои е утврдено дека возеле под дејство на алкохол ноќеска полицијата времено им ги одзела возачките дозволи, а ќе се соочат и со адекватни поднесоци, информираат од СВР Тетово.
Акциската контрола е спроведена ноќеска од 22 до 4 часот.
–Полициски службеници на СВР Тетово на 10/11 септември, од 22 до 04 часот, спровеле акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата, откриени и законски санкционирани се 12 возачи прекршители, од кои седум на тетовско и пет на гостиварско подрачје. Кај еден возач на тетовско подрачје утврдено е присуство на алкохол во крвта до 2 промили, додека еден одбил да се алкотестира. Сите прекршители исклучени се од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се законски предвидените поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Санкционирани се и 16 други видови прекршоци.