Непознат сторител со употреба на сила и подесен предмет насилно влегол во црквата „Св. Харалампие“ во кратовското село Сакулица и одзел пари, алат и икона.
Како што информира МВР, грабежот на црквата се случил во периодот од 14:00 часот вчера до 9:00 часот утринава.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. (МИА)