Денеска (20.09.2022) во 12.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(46) од с.Вражале, општина Зелениково.
Тој се сомничи дека на 16.09.2022 извршил кривично дело разбојништво, односно дека со употреба на сила од такси возач одзел пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.