Црн викенд во Македонија, се самоубија три лица. Момче со пиштол си го одзема животот во Делчево, дедо се самоуби во Гостивар, а млад неготинец се самоубил со бесење.
Младо момче се самоуби во Делчево.
-На 25.08.2018 година околу 14,30 часот во Полициска станица Делчево, било пријавено дека на улица „4 Јули“ во сопствениот дом, самоубиство со огнено оружје – пиштол извршил Д.Ш. (19), се наведува во полицискиот билтен.
Во Полициска станица Гостивар ноќеска во 00:25 часот било пријавено дека во село Дебреше, гостиварско Ј.М. (78) извршил самоубиство со пиштол.
Извршен е увид на местото на настанот.По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Дваесет и деветгодишен неготинец се самоубил со бесење, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
-Не се познати причините за трагичниот настан. Засега нема информации дали младиот човек можеби оставил писмо зад себе- рече Додевски.