На 01.02.2022, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Ц.(27) од село Ботун, општина Дебарца.
При претрес во дом во Охрид, каде привремено престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.