СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Д.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На 12.08.2021 на негов имот на ул.„Бистрица“ во Охрид, пријавениот како инвеститор, без одобрение за градба изградил куќа, за која при извршен инспекциски надзор било констатирано дека објектот е изграден без соодветна дозвола и било донесено решение за отстранување на објектот.