Охриѓанка вчера била пронајдена почината во својот дом. Случајот во полиција бил пријавен околу 10:40 часот утрината.
-Пријавено e дека во домот на ул.„Александар Турунџев“ била пронајдена почината З.Т.(72) од Охрид. Лекар од Итна медицинска помош константирал смрт без траги на насилство, информира СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата e дадено на обдукција.