Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 – годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека го извршил кривичното дело – неовластено производтсво и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот неовластено заради продажба од засега непознати лица, набавил и држел неопределена количина на наркотична дрога марихуана. На 3 февруари тој се упатил во атарот на с. Врапчиште, каде бил забележан од полициски службеници. Осомничениот го паркирал возилото и се упатил пешки кон полскиот пат, каде во близина на место викано Кабел, имал скриено дел од дрогата во количина од 9.01 грам. Откако ги забележал полициските службеници се дал во бегство. Наркотичната дрога била пронајдена од службените лица, по што и осомничениот е лишен од слобода.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.