Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел, Белгија, а јавен обвинител му поредложи на Судот да му определи притвор.
Како што информира ОЈО, странскиот државјанин на 22 јули бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан-Струга.
-Белгиските власти го бараат за издржување казна затвор од 3 години и 4 месеци, бидејќи бил осуден за кривичните дела – фалсификување, перење пари, недозволена трговија со оружје, криминално организирање и фалсификување патни исправи, согласно белгиското законодавство, соопшти ОЈО.
Јавниот обвинител му предложи на Судот да определи притвор за странскиот државјанин со оглед на тоа што тој се наоѓа во бегство од државните органи на Белгија и доколку биде пуштен на слобода повторно би можел да стане недостапен за да го избегне издржувањето на затворската казна во таа држава.