среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ОЈО Скопје поднесе предлози за казни против 15 лица кои не го почитувале полицискиот час

ОЈО Скопје поднесе предлози за казни против 15 лица кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во различни кривично-правни настани, постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки за превенција на коронавирусот. Имено, тие биле затекнати при непочитување на полицискиот час и за време на определената забрана се движеле без дозвола низ градот.

Јавните обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​