вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

OJO Велес достави предлог казни против пет лица поради непочитување на полицискиот час

OJO Велес достави предлог казни против пет лица поради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик.

Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно за време на важечката забрана определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движеле без дозвола низ градот.

Јавниот обвинител предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​​