Денеска во регионалната депонија Дрисла беа уништени околу 170 килограми разни видови дроги и психотропни супстанци кои потекнуваат од кривичните дела недозволено тргување со опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори што полицијата ги расветли во изминатиот период, а за кои кривични дела надлежните судсови веќе донесоа правосилни судски пресуди.
Уништени се околу 128 килограми марихуана, околу шест и пол килограми хероин, околу 20 килограми хашиш, околу половина килограм кокаин, растенија и семки од канабис, како и амфетамини, потоа синтетичка дрога екстази и други прекурсори и психотропни супстанци.