петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Околу 300 сакнционирани возачи во Македонија кои возеле пребрзо

Околу 300  сакнционирани возачи во Македонија кои возеле пребрзо

На 24.06.2022 во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 292 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 131 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 158 други видови прекршоци.