понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Опожарени три автомобили

Опожарени три автомобили

Пријава за три опожарени автомобили добила полицијата синоќа.

Во 01,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. “Лазо Москов“ настанал пожар при што било опожарено патничко моторно возило “Форд ескорд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.К.(75) од Скопје.

Вториот случај бил пријавен во 02,35 часот дека на ул.1 во с.Горно Блаце, скопско настанал пожар при што биле опожарени две паркирани патнички моторни возила “Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и “Ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Т. од с.Горно Блаце.

Од полицијата информираат дека во двата случаи увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.