недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Опожарено „Aуди“ во Куманово

Опожарено „Aуди“ во Куманово

Автомобил „ауди“ бил опожарен вчера во кумановската населба Карпош, соопштија денеска од СВР Куманово.

– Вчера во 21: 45 часот било пријавено дека на улица „100“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на триесет и петгодишниот Д.М., соопштиија од СВР Куманово.

Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово го изгасила пожарот во кој нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.