Во Полициската станица Гевгелија,вчера во 07.30 часот Т.Д.(64) од гевгелиското село Смоквица, пријавил дека настанал пожар на неговото патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, паркирано во плац на регионален пат 1102 во близина на Негорски бањи.
Како што информираа од СВР – Струмица, по интервенција на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија. (МИА)