недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Опожарено „Југо“ кај Соборна

Опожарено „Југо“ кај Соборна

На 17.06.2020 околу 23,45 во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Соборен Храм на бул.„Партизански Одреди“ настанал пожар при што било опожарено паркирано патничко моторно возило„југо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.А.(84) од Скопје, информираат од МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа на СВР Скопје во текот на денешниот ден.