На 25.04.2023 во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К., вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во с.Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.
Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.