На 01.10.2021 во 21.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско неколку лица со тврд предмет оштетиле врата на штаб на политичката партија при што влегле и одземале прехранбени производи, информира МВР.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.