сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Оштетена шофершајбната на жител на Сарај од залутан куршум

Оштетена шофершајбната на жител на Сарај од залутан куршум

Жител на Сарај пријавил дека од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговото возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 15:00 часот Ш.А.(54) од с.Сарај, скопско, пријавил дека во селото од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговото патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, посочуваат од МВР.

Од МВР информираат дека бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.