четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Осуденик во Идризово нападнал надзорник

Осуденик во Идризово нападнал надзорник

Надзорник од Казнено-поправната установа Идризово вчера бил нападнат од осуденик додека вршел служба во амбулантното одделение.

Надзорникот Ѓ.Д. (33) бил физички нападнат од осуденикот С.А.(33). На Ѓ.Д. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што информира денеска МВР, случајот во полиција бил пријавен вчера во 13.40 часот. Се работи на расчистување на случајот.