понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Осум сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа

Осум сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа

Шест лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајни незгоди регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи за неправилно престројување и 19 возачи кои во своите возила не поседувале пропишана зимска опрема. Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 10 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 107 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 64 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативна работилница со деца од средна и голема група во детската градинка „Росица“, објект „Рипчиња“ која се наоѓа на подрачјето на општина Ѓорче Петров.