четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Осумнаесет годишна кумановска измамена на работно место – едно лице и побарало 2.000 денари во замена за евра и избегало од местото

Осумнаесет годишна кумановска измамена на работно место – едно лице и побарало 2.000 денари во замена за евра и избегало од местото

Осумнаестгодишна кумановка била измамена од лице за 2.000 денари, соопшти денеска СВР Куманово.

Девојката го пријавила случајот во полицијата во 00:40 часот, каде кажала дека околу 23:00 часот била измамена од едно лице за сума од 2.000 денари.

-Според пријавеното, додека била на работно место во угостителски објект на улица „Ленинова“, лицето дошло, побарало услуга и прашало да плати со евра. Како што е пријавено, таа се согласила и лицето и побарало 2.000 денари и да почека да ги донесе еврата од возилото, по што излегло и не се вратило, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.