четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Откриени две групи на мигранти во светиниколско

Откриени две групи на мигранти во светиниколско

Во Светиниколскиот регион синоќа беа откриени две групи на мигранти. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова соопшти дека синоќа во 22 часот на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип затекнале четири лица мигранти од Мароко.

Вториот случај е откриен во 22.10 часот во село Горобинци, светиниколско, каде што полициски службеници од Полициската станица Свети Николе затекнале девет лица мигранти од Пакистан, од кои четворица се малолетници.

Полициските службеници ги предале лицата во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.