ОВР Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Р.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Како што информираат од ОВР Кичево, полициски службеници, кои на 29 април годинава вршеле контрола на магистралниот пат Кичево-Охрид, во 20:20 часот запреле товарно возило управувано од пријавениот и констатирале дека тој не поседува дозвола за движење и не ја почитува мерката за забрана за движење на населението за време на полициски час од 19 часот до 05 часот следниот ден.