недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Падобранска опрема падна на куќа, познато е чија била и што се случило

Падобранска опрема падна на куќа, познато е чија била и што се случило

На 02.05.2022 во ОВР Неготино, од Б.С.(35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди.

Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино.

Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.