сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Параглајдерист од САД падна во Љубаништа, итно е пренесен во болница

Параглајдерист од САД падна во Љубаништа, итно е пренесен во болница

На 30.07.2019 во 15:34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист.

Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15,20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД,  паднал на патничко моторно возило марка„Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки.

Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.