среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Параглајдерист пронајден починат во гевгелиско

Параглајдерист пронајден починат во гевгелиско
илустрација

Четириесет и седум годишниот М.Ќ. од гевгелиското село Мрзенци вчера околу 15 чаот бил пронајден почина над селото Сермин, во близина на манастирот „Свети Илија“, информираат од МВР.

Имено, на М.Ќ., кој бил член на Клуб за екстремни спортови, по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време истиот починал, велат од МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.