петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Паркиран автомобил изгоре во центарот на Тетово

Паркиран автомобил изгоре во центарот на Тетово

Околу 17 часот избувнал пожар во автомобил паркиран во дворот од основното училиште „Лирија“ во Тетово. Интервенираше Територијалната противпожарна единица Тетово.

– По пријавата веднаш заминавме за интервенција. Автомобилот е марка „рено“ до тетовски таблици, имаше и експлозија, возилото имаше плински уред. Огнот е целосно изгаснат, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

За време на летниот распуст Општина Тетово ги пренамени дел од училишни дворови во слободни паркиралишта.