четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешаци, внимавајте во Тетово- фрчат казни од полицијата

Пешаци, внимавајте во Тетово- фрчат казни од полицијата

По спроведена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, денеска во периодот од 11 до 15 часот санкционирани се 49 пешаци.

Како што информираат од МВР, осум санкции се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а 10 за минување на црвено светло.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, е наведено во соопштението од Министерството.