сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Скопје

Пешак тешко повреден во Скопје

На 09.08.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(58) од Скопје, удрило во М.К.(52) од Струмица.

-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.