недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Пет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Пет лица повредени во сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и две лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 31 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и седум возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, шест возачи поради неправилно престигнување, седум поради неносење пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило.

Во текот на изминатите денови издадени се 68 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.