четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пет лица приведени во салата „Борис Трајковски“: Со дрога славеле Нова година

Пет лица приведени во салата „Борис Трајковски“: Со дрога славеле Нова година

Во периодот од 22:30 часот на 31.12.2022 до 02:30 часот на 01.01.2022 во спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(26) од Босна и Херцеговина, К.А.(19) од Скопје, Д.А.(20) од Скопје, А.М.(42) од Неготино и А.Д.(18) од Скопје.

При преглед кај нив, кај Л.М. била пронајдена и одземена марихуана, кај К.А. била пронајдена прашкаста материја, кај Д.А. била пронајдена  таблета, кај А.М. била пронајдена бела прашкаста материја и кај А.Д. била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.