петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

„Пежо“ излетал од пат, повредени 3 постари лица – ова се деталите

„Пежо“ излетал од пат, повредени 3 постари лица – ова се деталите

На 29.10.2022 во 09.50 часот било пријавено дека на автопат Скопје–Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко моторно возило “пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(52) од Скопје, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Л.И.(77), Б.И.(81) и М.Д.(75) сите од Скопје, а со телесни повреди се здобила Б.Б. констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.