петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пијани малолетници, лажен сертификат, гости без сертификати – акциска контрола на угостителски објекти во Тетово

Пијани малолетници, лажен сертификат, гости без сертификати – акциска контрола на угостителски објекти во Тетово

Во текот на изминатата вечер (26/27.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово.

Притоа, затекнати се 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осум малолетници конзумирале алкохол, а 14 се затекнати без да поседуваат ковид сертификат.

Откриени се три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.