На 24.12.2019 во Полициската станица Струга било пријавено дека во казино на улица „Маршал Тито“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.С.(32) и Е.К.(43).
Тие се жители на струшкото село Боровец и двајцата биле под дејство на алкохол.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.