вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Платила за броило за струја, од ЕВН ја шокирале со вистината

Платила за броило за струја, од ЕВН ја шокирале со вистината

На 14.04.2023 во ОВР Гостивар, 33-годишна жена од гостиварско, со живеалиште во Германија, пријавила дека била измамена од лице од гостиварско село.

Според пријавеното, пред неколку години тие се договориле лицето да посредува за приклучување на броило за електрична енергија во нејзината новоизградена куќа, по што таа во неколку наврати му испратила пари.

Како што е пријавено, по неколку години кога отишла во ЕВН да види колкав долг има за плаќање и било кажано дека во нивните евинденции не постои броило на тоа име, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.