среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

По две години Арбен пронајден мртов, телото било најдено во водите на реката Лепенец

По две години Арбен пронајден мртов, телото било најдено во водите на реката Лепенец

По две години потрага по исчезнатиот 35-годишен Арбен Аслани од Скопје, неговото безживотно тело е пронајдено во водите на реката Лепенец во населбата Бардовци, општина Карпош. Бекир, таткото на Арбен, вели дека телото го пронашол еден локален жител кој веднаш ја известил полицијата. Раскажува дека е разочаран од институциите кои, како што уверува, не преземале мерки за да откријат кој го однел неговиот син, објавува ТВ 21.

-Пронајдено е во еден канал, телото е делумно распаднато. Немам доверба во институциите, но ќе почекам додека да излезат резултатите од обдукцијата. Имаа многу време за да истражат, но или не сакаа, или не можеле, или толку имале можност, или пак некој ја прекинал истрагата…-вели Бекир.

Погребот на Арбен ќе се изврши в недела. Неговиот татко вели дека конечно го пронашол и може да го погреба синот.

-Со тоа што е пронајден, 50% ми е олеснат товарот. Знам каде му е местото и сега можам да ги организирам сите верски ритуали. Две години живеевме во агонија…-рече Бекир Аслани.

Пред две години, ТВ21 извести за исчезнувањето на Арбен. Неговиот татко раскажа дека безбедносните камери на раскрсниците го снимиле неговиот син како се качува во еден автомобил. Бекир Аслани, неколкупати организираше протести со семејствата на други исчезнати лица поради, како што велеа, неефикасноста на МВР. Од овој ресор, со став дека направиле сѐ во однос на потрагата по Арбен, додавајќи дека аутопсијата ќе покаже како настанала смртта, односно дали станува збор за убиство или самоубиство. Од Основното јавно обвинителство, велат дека ќе го чекаат извештајот од обдукцијата на телото со цел утврдување на причините за смртта.