вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ПО ДВЕ ГОДИНИ: Скопјанка пријавила дека поранешниот партнер ја обљубил нејзината малолетна ќерка

ПО ДВЕ ГОДИНИ: Скопјанка пријавила дека поранешниот партнер ја обљубил нејзината малолетна ќерка

Скопјанка на возраст од 48 години вчера напладне го пријавила поранешниот партнер во полицијата.

– Во СВР Скопје, 48 – годишна жена од Скопје пријавила дека пред околу две години, нејзиниот поранешен партнер И.Н.(44), во викенд куќа во кривопаланечко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.