четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Побаран притвор за гостиварецот кој со фотографии ја уценуваше поранешната девојка

Побаран притвор за гостиварецот кој со фотографии ја уценуваше поранешната девојка

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице за сторено кривично дело – Уцена од член 259 од Кривичниот законик.

Осомничениот 22-годишен гостиварец ја уценувал својата поранешна девојка на иста возраст. Тој во повеќе наврати и барал пари во замена да не објави нејзини експлицитни фотографии.

На овој начин осомничениот успеал од оштетената да одземе околу 400 евра. Последниот пат и побарал 1.000 денари, девојката го пријавила, а банкнотата која му ја предала била претходно обележана. По приемот на парите, осомничениот бил задржан и кај него била пронајдена обележаната банкнота.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице.